Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, во координација со ОКП при БЈБ, во текот на вчерашниот ден ги лишија од слобода М.М. (36) и К.М. (29), двајцата од Скопје.
По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на К.М. во општина Карпош, при што беа пронајдени и одземени амфетамин, екстази, марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава за недозволена трговија со дрога.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
