Вести Свет

Украина и САД формираа заедничка работна група за економска акција

Украина и Соединетите Американски Држави формираа заедничка работна група за развој на оперативен план за економска акција во рамките на процесот на обезбедување одржлив и праведен мир за Украина, соопшти денеска украинската премиерка Јулија Свириденко.

Одржавме состанок со претставниците на американскиот претседател, Џаред Кушнер и Стивен Виткоф, претседателот на Светската банка, Аџај Банга, и извршниот директор на компанијата БлекРок, Лари Финк, информира украинската премиерка на Телеграм.

Таа додаде дека украинската влада продолжува да соработува со американските партнери во економската сфера, со учество на меѓународни финансиски институции, пренесува Укринформ.

Како што изјави таа, украинскиот тим е подготвен да работи со ист интензитет како и нивните американски партнери.

– Економските планови имаат шанси да бидат успешно спроведени доколку се воспоставени цврсти безбедносни гаранции, како што изјавија американските претставници на состанокот, нагласи Свириденко.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе