Над две илјади вработени во судовите четири месеци не ги примиле додатоците на плата, алармираат синдикатите на судската и државната администрација.
Тие вчера остварија средба со претседателот на Судскиот совет и побараа исплата на заостанатите додатоци, регрес за годишен одмор и пресметка на платите според Општиот колективен договор. Порачаа дека доколку барањата не бидат исполнети, ќе следи генерален штрајк во сите судови.
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, објасни дека проблемот е во одобрението од Министерството за финансии. Испратено е барање до министерството пред две недели, но сè уште нема одговор, вели тој.
