Вести Македонија Топ вести

Полициски инспектор предложен за член на Судски Совет

Инспектор за прекршоци од тетовската полиција е предложен за нов член на Судскиот Совет од страна на Собранието. Владеачкото мнозинство во собраниската комисија за избори и именувања, со 8 гласа „за“ го усвои предлогот за нов член на Судскиот Совет да биде избран Аљбан Кадриу.

ДУИ за истата функција го предложи Арбер Исаку, поранешен член на Советот за јавни обвинители, но тој доби само еден глас. Координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку го предложи Аљбан Кадриу со тврдење дека ги исполнува сите потребни услови и е најдобар од десетте пријавени кандидати.

Предложениот Кадриу работи 17 години во МВР, а претходно бил вработен во владата. Тој е предложен истиот ден кога во Собранието почнува расправа за новите законски решенија за Судскиот Совет со кои ќе се поострат критериумите за поимот „истакнат правник“ преку кој Кадриу беше изгласан за предлог за нов член на Советот.

Утре му истекува вториот мандат на членот на Судски Совет Селим Адеми и денешниот предлог е поврзан со пополнување на таа позиција во Советот.

Миомир Серафиновиќ

Елена Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе