Вести Македонија Топ вести

Колку профили згаснаа по забраната во Австралија- Македонија не е на списокот земји кои би спровеле ваков проект

„Оставете ги да бидат деца“, ова е натписот на мостот на пристаништето во Сиднеј по забраната за користење социјални медиуми за деца помлади од 16 години, која стапи на сила пред два дена.

Австралиските власти бараат од најголемите платформи на социјалните медиуми да пријават колку профили деактивирале.

Facebook, Instagram, Kick, Reddit, Snapchat, Threads, TikTok, X, YouTube и Twitch најавија дека ќе го спроведат овој закон прв во светот, додека децата веќе пронајдоа заобиколен пат да им се претстават како возрасни и да си обезбедат пристап до мрежите.

Австралиската влада ги чека одговорите на платформите во рок од две недели, кои се обврзани да обезбедуваат месечни ажурирања во текот на следните шест месеци. Во спротивно компаниите се соочуваат со казни до 49,5 милиони австралиски долари доколку не преземат разумни чекори.

  • „Знаеме дека социјалните медиуми предизвикуваат социјална штета, а едно од прашањата што јас како премиер ги добивам постојано е прашањето за прашањата од националната безбедност. Нема ништо поважно од тоа да ги заштитиме нашите млади Австралијци, сега и во иднина. И она што ова ќе го направи е да се осигури дека родителите се овластени, дека наставниците можат да ги водат тие дискусии, дека всушност имаме таа лична интеракција додека одиме напред за да ги заштитиме нашите деца и да им дадеме поголем душевен мир на родителите. Важно е да се напомене дека, како што видовме вчера (среда), ова не е реформа што доаѓа од горе надолу. Ова не е влада што донесува одлука, а потоа ја наметнува нашата волја. Ова е нешто што доаѓа особено од родителите“, вели Ентони Албанезе, премиер на Австралија.

Групата за човекови права „Проект за дигитална слобода“ со седиште во Сиднеј планира да го оспори законот со кој се ограничуваат уставно загарантираните права за слобода на комуникацијата, за што веќе се поднесени првите две тужби.

Додека Франција, Данска, Грција, Романија, Индонезија, Малезија и Нов Зеланд размислуваат да го следат примерот на Австралија, во Македонија досега се разговарало само за забрана за употребата на мобилните телефони во училиштата. Македонскиот министер за дигитална трансформација, не е оптимист, вели дека австралискиот проект нема да успее до крај затоа што децата наоѓаат начини преку дополнителни технички уреди за ги заобиколат забраните.

  • „Два ефекти ако не успеете до крај да ја имплеметирате некои ќе почнат да се снаоѓаат, а други ќе излезат целосно од контрола. Вториот елемент дали општеството е подготвено за таков радикален чекор. Мое мислење е дека треба да работиме со родителите за тие да ја насочат употребата на децата на нивните мобилни телефони кон корисни работи, а не кон алатки на кои поминуваат многу време, а немаат никаква придобивка. Повеќе размислуваме на работа со родителите отколку на некакви строги забрани“, рече Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Секој социјален медиум има забрана за под 16 години, истакна Андоновски, ако тоа го применат родителите тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми кои што се штетни, а за државата е многу потешко да се меша во слободниот избор на секој граѓанин.

Билјана Ставрова

Децата во Австралија “ги надмудрија“ системите за верификација на возраста- забраната има недостатоци

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе