Вести Економија Македонија Топ вести

По неполни два дена расправа, пратениците го изгласаа буџетот за 2026 година

По неполни два дена расправа, пратениците го изгласаа буџетот за 2026, со 71 глас за и 14 против.  Се планира во државната каса да се приберат над 6 милијарди евра, а да се потрошат 6,7 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 отсто од БДП.

Владата очекува инфлацијата, догодина да се намали на 2,5 проценти, а растот на економијата да биде 3,8 отсто. Капиталните инвестиции се планирани на 650 милиони евра. За власта, буџетот е реален и развоен – се фокусира на забрзан економски раст и на постепено намалување на задолжувањата.

Главен двигател на растот ќе бидат инвестициите и приватната потрошувачка. За опозицијата буџетот е нереален, неразвоен и социјален. Според нив, растот е нереален, многу повисок од очекувањата на меѓународните институции, што ќе доведе до поголеми задолжувања и помали капитални инвестиции.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе