Вести Економија Топ вести

Буџетот изгласан – За власта развоен, за опозицијата полн со лаги

По неполни два дена расправа, пратениците го изгласаа буџетот за 2026 со 71 гласови за и 14 против.

Се планира во државната каса да се приберат над 6 милијарди евра, а да се потрошат 6,7 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 отсто од БДП-то. Владата очекува инфлацијата догодина да се намали на 2,5 проценти, а растот на економијата да биде 3,8 отсто. Капиталните инвестиции се планирани на 650 милиони евра.

За власта, буџетот е реален и развоен – се фокусира на забрзан економски раст и на постепено намалување на задолжувањата. Главен двигател на растот ќе бидат инвестициите и приватната потрошувачка.

За опозицијата буџетот е нереален, неразвоен и социјален. Според нив, растот е нереален, многу повисок од очекувањата на меѓународните институции, што ќе доведе до поголеми задолжувања и помали капитални инвестиции.

„Во време на глобални економски турбуленции, овој буџет одржува фискална дисциплина, го намалува дефицитот и го држи јавниот долг во безбедни рамки. Тоа е јасен и непобитен доказ дека владата има план, има стратегија и има стабилен курс кон развој. Исто така, економски раст, поддршка за компаниите и нови работни места. Буџетот за 2026 година ни носи и силен инфраструктурен циклус, подобри патишта, нова енергетска инфраструктура, модерни училишта, обновени болници, нови водоводи и канализациони системи за граѓаните. Тоа се реални проекти што ќе им донесат поубав и поквалитетен живот на граѓаните“, вели пратеникот Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако државата планира да собере плус 70 милиони евра од данок на добивка, значи фирмите треба во 2026 година дека остварат добивка 700 милиони евра поголема од 2025. 700 милиони евра! Сега овде прашувам кога лажете. Претходно зборувавме дека треба да се зголеми минималната плата и да се зголемат платите, вашата главна теза беше не може да се зголемат, ќе пропаднат фирмите, ќе отпуштаат вработени, ќе затвораат фирми, ќе одат во стечај и не може да се зголемат платите. Е сега, ако велите дека во буџетот ќе имаат 700 милиони евра плус добивка, лага е дека ќе затвораат или не е лага или пак која е втората лага. Втората лага е дека ова што е напишано во буџетот не е реално“, вели пратеникот Јован Митрески од СДСМ.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Околу 16 милиони евра одлетаат од општинските каси, парите им избегаа со истекот на рокот

Дејан Дејан

Кисела Вода не знае кој извршил реконструкција на патот кај Теферич

Kristina Kuzmanovski

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе