Вести Македонија

Кисела Вода не знае кој извршил реконструкција на патот кај Теферич

Општина Кисела Вода не знае кој извршил реконструкција на патот кај Теферич минатата година ниту пак колку чинело тоа. На нашето барање за информации од јавен карактер добивме одговор дека се барањето се уважува, но сепак изостанаа сите одговори. Во одговорот јасно стои дека не располагаат со податоците и документите кои ги баравме.

Од опозициските политичките партии СДСМ и Левица велат дека и тие ги побарале истите информации, но не добиле одговор. Сметаат дека ова е трик на општината за да ги сокрие неправилностите кои ги извршила.

Ние го добиваме сличниот одговор усно на седниците на совет на општина. Самата градоначалничка ни има кажано дека во иднина ќе биде направен патот, но за минатото не добиваме никаков одговор,  изјави Владимир Грујовски, советник во Кисела Вода од СДСМ

Како може општина чии проект е нејзин да нема информации за самиот проект. Сметаме дека воопшто нема никаква документација според која е правен тој проект и сакаме тоа да го докажеме. Ние ќе поднесеме уште една жалба. Нема да се откажеме од ова. Ќе продолжиме до крај се додека не се докаже тоа, изјави Давид Бошковски, советник во Кисела Вода од Левица

Министерството за транспорт недоамна ја презеде обврската за санација на свлечиштето на патот за Теферич затоа што како што велат општина Кисела Вода и град Скопје немаат капацитети за справување со тој проблем.

Во октомври минатата година Општина Кисела Вода правеше реконструкција на патот, а два месеца подоцна од Центарот за управување со кризи соопштија дека патот не е безбеден за сообраќај. По четири месеци користење на патот настана свлечиште со огромни пукнатини на патот кој сега е надвор од функција.

Тамара Марковска

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Околу 16 милиони евра одлетаат од општинските каси, парите им избегаа со истекот на рокот

Дејан Дејан

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Kristina Kuzmanovski

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе