Граѓаните и компаниите должат над 36 милиони евра кон Град Скопје по основ на даноци и такси, информира градската администрација. Неплатените обврски се однесуваат на данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и на комунална такса–фирмарина.
Градот апелира обврзниците во најкраток рок да ги подмират долговите и потсетува дека увид и електронска уплата може да се направат преку платформата за даноци на Град Скопје.
За дополнителни информации, поставени се телефонски линии и е-маил контакти за секоја категорија данок.
Уплатите може да се извршат и на шалтерите на Град Скопје, кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13 декември.
T.Д.
