Вести Македонија Топ вести

Пеева: По ковид пандемијата имаме „епидемија“ на семејното насилство

По ковид пандемијата имаме „епидемија“ на семејното насилство , покажуваат анализите на Невладината организација (НВО) „ЕХО“ од Штип. Претседателката на НВО „ЕХО“, Бети Пеева вели дека од почетокот на годината, па се до ноември  регистрирани се стотина нови случаи, а извршени се четири фемициди, од кои три се во Штип.

Конкретно кај нас во организацијата, која веќе 23 години работи во оваа област, се пријавени од Штип и околината, а има и од источниот дел, вкупно 109 случаи на насилство врз жени и деца, односно девојчиња и ова е навистина загрижувачки факт. Ова е бројка само од овој дел, инаку „ЕХО” работи и во Пелагонискиот и Југоисточен регион и ако ги собере и тие бројки, доаѓаме до некоја бројка од 180 случаи оваа година, а годината се уште не е завршена“, вели Бети Пеева претстедателка на невладината организација „ЕХО“-Штип.

Досегашната пракса или случаи кои завршуваат како фемици, покажуваат дека голем дел од жртвите поради економска зависност од партнерот или заплашување не го пријавуваат насилството или доколку го пријавуваат знаат и да се предомислат, односно да ја повлечат пријавата. Пеева вели дека потребна е измената на член 130, став 2 од Кривичниот законик, со која насилникот ќе се гони по службена должност, без разлика дали жртвата поднела пријава.

„Кај нас имаме закони, коишто се поддржувачки. Но, само тие закони треба да се имплементираат. Она што се случува е што постајат и мерки во самите закони, постојат процедури протоколи. Постои протокол за меѓусебна соработка на институциите, по кои и ние се раководиме овде во Штип со мулитисекорската соработка. Но, она што се случува на терен е многу доцнат самите процедури за заштита, не дека само институциите се виновни за тоа и самите жртви кои пријавуваат поради трендот на економска зависност којшто се зголемува од година во година  се предомислуваат, се враќаат назад“, додава Пеева. 

Според анализите на граѓанскиот сектор за жал 70 % од жртвите на семејно насилство се враќаат кај своите партнери или ги повлекуваат пријавите. Изминатите денови во источниот регион имаше работилници и средби на граѓанските организации во рамките на кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените.

Викторија Димитрова Јованова

Дигитална обработка: T.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе