Вести Македонија Топ вести

Мицкоски реизбран – трет и последен мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18-от партиски конгрес да ја води ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години што, според статутот на партијата, ќе биде негов последен мандат.

Според Зоранчо Јованчев, претседател на Изборната комсија, од 817 присутни делегати, 804 гласале и дале поддршка за нов мандат на Мицкоски.

На конгресот во Кавадарци тие го реизбраа Мицкоски за лидер на партијата кој беше и единствен кандидат за функцијата.

На конгресот, кој се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, беа усвоени два политички документа Стратегијата 2025–2030 и Доктрина.

По пребројувањето и соопштувањето на гласовите, следува обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски пред трет мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ – во Кавадарци се одржува 18-ти Конгрес на партијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе