Вести Македонија

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ

Впишувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија значително ќе го забрза нејзиниот пат кон Европската Унија, рече бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со претставници на бураски здруженија од земјава, пренесува тамошната државна агенција БТА.

-Се надевам дека нашиот југозападен сосед тоа ќе го стори што е можно поскоро, за да ја отвори вратата кон преговори за полноправно членство“.

Бугарскиот претседател посочи и дека должност на секоја демократска држава е ефикасно да ги штити правата на сите свои граѓани и да го гарантира нивното право на самоопределување.

-Сите се надеваме интеграцијата на РСМ што е можно поскоро да се случи, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата, вели Радев.

Според него, токму Бугарите од Северна Македонија први го поставиле прашањето за ефикасно гарантирање на нивните права во сопствената земја, како и дека денес тоа е заедничка кауза не само на сите бугарски институции, туку и на ЕУ.

Претставниците на бугарските организации од земјава на состанокот со Радев, пак, изразија надеж дека РСМ нема да ја користи бугарската заедница како алиби за да не ги спроведува неопходните реформи што ја водат земјата кон ЕУ.

Мицкоски: Утре да ги внесеме бугарите во устав, прашање е дали за 3,6 или 9 месеци ќе имаме нов услов

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе