Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Утре да ги внесеме бугарите во устав, прашање е дали за 3,6 или 9 месеци ќе имаме нов услов

Секоја отстапка од македонска страна резултира со нов услов и заради тоа се потребни гаранции од ЕУ, смета премиерот Христијан Мицкоски. Барањата за гаранции од ЕУ, според него, се логични и произлегуваат од искуствата од минатото, а Владата нема да прифати процес кој ќе отвори простор за нови условувања.

Премиерот на брифинг со новинарите истакна дека поучени од институционалната меморија од минатото дека секоја отстапка создава простор за нови услови, логични се овие барања од македонски страна.

– Уставните измени се само почеток. И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов. Едно е политика, а друго е национален интерес. Прашањето е дали ќе продолжиме по овој пат да бидеме наивни дека ако правиме отстапки, тоа е начинот. Јас не мислам дека тој пат е добар. Овој пат по кој оди оваа Влада е тежок, но не е срамен, истакна премиерот.

Во врска со иницијативата од Брисел и од земји од ЕУ за состаноци на кои требало да се разговара за оваа состојба и сите да си ги кажат аргументите, Мицкоски вели дека до овој момент, ниту тие кои тоа го организирале, ниту македонската страна не знаат дали бугарската страна е подготвена и сака да разговара.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе