Вести Македонија Топ вести

Директорка на средно училиште во Делчево приложила лажен сертификат, поднесена е кривична

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавената, на 01.06.2023 набавила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија и на 29.06.2023 го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор на средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.

Врз основа на приложените документи, комисијата констатирала дека Д.Ц. ги исполнува условите предвидени во јавниот оглас, а по изготвениот записник бил доставен предлог до градоначалникот на општина Делчево таа да биде избрана за директор. A врз основа на доставениот предлог, на 12.07.2023 градоначалникот на општина Делчево изготвил решение со кое пријавената била избрана за директор на училиштето.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе