Скопје е високо рангирано на светските листи на загадување. Според најновите податоци од глобалниот Air Quality Index и платформите што ги мерат вредностите во реално време, Македонија се наоѓа на 117-тото место по загаденост, што ја става во групата земји со „нездрав“ просечен квалитет на воздухот. Овие податоци се земени од меѓународната ранг листа која ги споредува земјите според нивниот просечен AQI.

Индексот AQI што се пресметува преку мерење на PM2.5, PM10, озон, азотни и сулфурни оксиди, како и јаглерод моноксид, најчесто се движи меѓу категориите „Умерено“, „Нездраво за чувствителни групи“ и „Нездраво“. Најзагадено е во Центар, Карпош и Лисиче.
