Вести Македонија Топ вести

Чучуљ: Како претседател ќе се залагам да ги поправиме оценките од ЕК

Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ денеска даде свечена заклетва пред претседателот на Собранието Африм Гаши. Најавува дека заедно со неговиот тим ќе бараат интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

– За мене претставува, пред се, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции. Ние сме институција која го промовира интегритетот и ќе бараме интегритетот да се промовира и унапредува во сите институции. Само со таква заложба и со интегритет на институции и интегритет на носители на јавни функции ќе придонесеме за подобро општество и за намалување на корупцијата, изјави новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата  Адем Чучуљ.

Одговорајќи на новинарско прашање што ќе биде во фокусот на ДКСК, тој изјави дека имаат голем број предизвици.

– Оценките на ЕК се такви какви што се. Како претседател ќе се залагам да ги поправиме тие оценки. Ќе треба напор, доста работа. Во моето интервју во Собранието кажав дека ќе се залагам за дигитализација, за превентивните алатки. Во фаза сме на подготовка на новата Национална стратегија, која се изготвува во инклузивен процес, со учество на сите релевантни фактори во државата. Како превентивна алтка се надевам дека ќе биде многу поконцизна и поспроведлива за разлика од претходната. Со тој механизам ќе придонесеме да се отстранат системските слабости кои генерираат корупција. Исто така напоменав дека во фокусот како претседател, се надевам ќе имам поддршка од целата Комисија, да ја зголемиме нашата проактивност во делот проверка на имотната состојба на избраните и именуваните лица бидејќи тоа е една од забелешките во Извештајот на ЕК, а е шеста препорака на ГРЕКО, рече Чучуљ.

Чучуљ едногласно беше избран за претседател на ДКСК на вчерашната седница во Собранието, каде доби 82 гласа. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе