Вести Македонија Топ вести

Сиљановска: Значи јас би била прва што ќе бара уставни измени, доколку правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако влеа надеж кај сите дома, надвор, во ЕК, ама и кај нас соседите дека конечно има шанса за поголема стабилност, но го видовте тригерот беше гласањето за буџетот и сега сме соочени со проблеми, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека „се разбира дека тоа секогаш се одразува на односот кон актуелните прашања, верувам и на прашањето кон нас“ пишува МИА. 

Прашана во однос на протестите и политичките турбуленции во Бугарија и како тоа ќе се одрази на односите со Македонија и бугарските барања за уставни измени, Сиљановска Давкова рече дека „за разлика од нас, бугарските политички партии, бугарските политички лидери, пратениците особено, изгласаа неколку документи, декларацијата која, како што велат тие, ги обврзува сите и важи за сите.“

-Се надевам дека да и таму ќе се решат проблемите. Jас не можам да кажам како, дали преку уште едни предвремени избори или со рекомпонирање на самата коалиција, но важно е да има влада која што ќе може да ги води работите во државата. Да, го чув и претседателот којшто повикува на предвремени избори повторно. Тоа е значи бугарската реалност. Што се однесува до нас. Да. Јас деновиве го чув ставот уште еднаш на Европскиот Совет врзан за нас, односно за спроведувањето или за уставните измени како услов за одржување на втората меѓувладина конференција, изјави Сиљановска – Давкова.

Во однос на барањето излезни решенија, претседателката Сиљановска Давкова посочува дека доволно е да се упати поглед кон уставните гаранции во бугарскиот Устав.

-Значи јас би била прва што ќе бара уставни измени, доколку правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикува и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги инкорпорирале во Уставот највисоките стандарди, како преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед, изјави Сиљановска – Давкова.

Дилемата на претседателката Сиљановска е колку е човечки, колку е политички формирањето на  културно здружение во Бугарија или на пописот да не се забележани Македонците, бидејќи на пописот не влегуваат како посебна графа, како што е случајот со Турците, Ромите и Србите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе