Вести Свет Топ вести

Блокада на ГП Богородица- Грчките земјоделци ги блокираа патиштата, најавуваат ескалација- затворање на граничните премини, пристаништата и железничките линии

Од 11:15 часот сообраќајот на ГП Богородица (од грчка страна) е во прекин (блокиран) за секаков вид на возила поради штрајк на земјоделци, соопшти АМСМ.

Бројни, организирани и решени да останат на блокадите на патиштата грчките земјоделци протестираат, а бројот на нови трактори кои пристигнуваат секој ден се зголемува.

Кaко што објавува Екатимерини до крајот на неделата, тие планираат да ги ескалираат блокадите со затворање на граничните премини, пристаништата и железничките линии.

„Ќе ја процениме нашата сила, ќе направиме преглед во текот на викендот, а потоа ќе одлучиме како да продолжиме“, велат тие.

Основната организациска група ја сочинуваат земјоделци поврзани со Грчката комунистичка партија (ККЕ), но има и голем дел кои се идентификуваат како верни поддржувачи на Нова демократија, но засега, партиските карти остануваат скриени во нивните џебовите.

  • „Некои луѓе ги украдоа парите што беа наменети за нас, велат тие и ја обвинуваат грчката влада дека тоа им го дозволила. „Сега ги гледате како зборуваат со апатија во истражната комисија на парламентот – ладно, како ништо да не се случило. А министрите велат дека не знаеле ништо, додека секоја година добиваме помалку (во субвенции)“, вели земјоделецот Христос.

Грчите полицајците во меѓувреме ги пренасочуваат возачите по споредните патишта, бидејќи националниот автопат е блокиран во двата правци.

Михалис Трантос од Фарсала во јужна Тесалија вели дека ги одбројувал деновите, очекувајќи ја авансот на основната субвенција за 2025 година во петокот на 28 ноември. „Среда наутро е, телефонот ѕвони и ми велат дека сум дошла инспекција и дека нема да ми биде платено“, вели тој, додавајќи дека е решен да остане на блокадата.

Пантелис Фасулас од Амфитеа во близина на Лариса чува добиток, овци, крави и кози, а исто така одгледува памук и индустриски домати. Сега има 28 години, тој вели дека од 13-годишна возраст никогаш не помислувал да се занимава со нешто друго освен со земјоделство. Тој е на блокадата затоа што чувствува дека „нè прават будали“. Неговите животни, кои вообичаено пасат на отворено, се затворени во шталата од јули 2024 година, прво поради чума, а потоа поради сипаници.

  • „Плаќам за храна за да ги одржам во живот, а сè уште не сум добил ниту еден цент. Прашувам кога ќе ми биде платено, а тие ми велат „биди трпелив“. Но, трпението не е за јадење“, вели тој. „Добив аванс од 4.500 евра за основната рата. Потоа ЕЛГА – Грчката организација за земјоделско осигурување, зеде 2.500 евра. Неколку минути подоцна, исплатата на кредитот беше извршена, уште 1.800 евра. И тоа беше тоа.“

Дел од земјоделците од јули го чекаат надоместот според Мерка 23, која е дел од Стратешкиот план на Заедничката земјоделска политика 2023-2027, со кој се обезбедува итна ликвидност за земјоделците погодени од природни катастрофи) за штетите на неговите овоштарници.

Блокада граничниот премин Евзони во двете ленти

Земјоделците од поширокиот регион на северот од Грција вчера го блокираа граничниот премин Евзони во двете ленти за влез во Грција и оние што излегуваат кон Северна Македонија.

Во понеделник во 18 часот земјоделците прво го блокираа влезот во Грција само за камиони, а потоа ја проширија акцијата на целосна блокада, која ја укинаа на полноќ.

На преминот се собраа повеќе од 150 трактори и земјоделски возила.

На патарините Малгара, лентата на Националниот автопат кон Атина останува затворена, додека сообраќајот кон Солун се одвива нормално.

Цијарас: 2.000 производители кои се под судска истрага се исклучени од авансни плаќања

Грчкиот министерот за рурален развој и храна, Костас Цијарас, во едно интервју изјави дека владата ги исцрпува сите буџетски маржи за да ги поддржи земјоделците и дека министерството останува отворено за дијалог.

  • Тој додаде: „демократско право на земјоделците е да протестираат и да демонстрираат, но до степен да не предизвикаат проблеми за другите социјални групи“.

Цијарас истакна дека грчките производители се соочуваат со проблеми предизвикани од сушата и процесот на реорганизација на агенцијата за земјоделски субвенции ОПЕКЕПЕ.

Тој рече: „сите пари на кои имаат право легалните земјоделци и одгледувачи на добиток ќе бидат примени во целост“.

Тој додаде дека 2.000 производители кои се под судска истрага се исклучени од авансни плаќања, додека приближно 45.000 производители ќе имаат повторна проверка на нивните податоци преку посебна платформа за приговори.

Тој, исто така, потврди дека сопствениците на околу 11.000 земјоделски парцели со проблеми со Националниот катастар и приближно 13.000 сточари кои беа исклучени од субвенции ќе ги добијат.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе