Дефицитот во Пензискиот фонд се продлабочува? Кое е решението за стабилизирање на финансиската состојба во ПИОМ. На оваа тема, вечерва во Топ Тема дебатираат Никола Мемов, директор на ПИОМ и Павле Гацов, даночен експерт.
- Точно е дека минатата недела се отвори прашањето околу исплатата на пензиите, рече Мемов, но ние тоа го дематиравме. Исплатата на пензиите никогаш не било доведено доведено во прашање, а нема ни да биде. Исплатата е редовна, тековна и ја гарантира Владата на РМ, истакна во вечерашната Топ Тема Никола Мемов, директор на ПИОМ.
Тој нагласи дека на вчерашната седница на Управниот одбор на ПИОМ биле усвоен извештајот во трите квартали во 2025 година, констатирано е дека скоро 95% имаме наплата од придонеси, а исплатата на пензиите е 100%. Стабилноста во исплатата на пензиите, ликвидноста на Фондот не е доведена во прашање.
На прашање дека 36% од потребите на ПИОМ да исплати пензии доаѓаат од буџетот со што е доведена во прашање стабилноста на пензискиот систем, тој рече дека „планинарите трансфери за следната година, сега е актуелен буџетот за идната година, буџетот на ПИОМ е предвиден во висина од 150 милијарда денари, односно околу 2,5 милијарди евра“.
- Од тие 1,9 милијарди евра се предвидени за исплата на пензии, а останатите се планирани средства за исплата на здравствено осигурување на пензионерите кој што изнесува 13% од бруто пензијата на секој пензионер и транзициски трошоци во висина од околу 19.5 милијарди денари за пензиските друштва во вториот столб, истакна Мемов.
Тој потенцираше дека планираните трансфери од Владата се во висина од 62 милијарди денари, односно една милијарда евра.
- Половината од нив се планирани за исплата за зголемените пензии во висина од 7.000 денари на сите пензионери, остатокот е за здравствено осигурување на пензионерите, рече Мемов.
