Вести Македонија Најважни

Комисијата откри: 10 од 19 операции биле непотребни

Првичната анализа на комисијата која ги истражува случаите за малверзации со кардиохируршки зафати покажува дека од 25 испитани случаи, 10 операции биле извршени без основа, додека шест случаи ќе бидат проследени до Државниот здравствен и санитарен инспекторат, бидејќи комисијата нема надлежност за нив.

Од вкупно 19 случаи што беа детално разгледани, речиси половината се оценети како непотребни.

Комисијата најави и втора фаза на анализата, која ќе вклучува влегување во институциите и детално разгледување на кардиоваскуларното лекување на пациентите.

Реакцијата на здравствените власти доаѓа откако д-р Сашко Кедев рече дека во приватни клиники се прават непотребни операции за профит.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Изложба „Пркосните 12“ во КЦ Јадро – фотографијата како средство за комуникација и експресија

Дејан Дејан

Арагчи: Договорот со САД за завршување на војната никогаш не бил поблиску

Дејан Дејан

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – воените ветерани од „Братство 2001“ на средба со Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе