Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

Над 19.000 неважечки гласачки ливчиња во вториот круг – во одредени општини бројот на неважечки ливчиња го надмина бројот на разликата во гласови

Во вториот круг од локалните избори, кој се одржа во 33 општини, се евидентирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња, што претставува околу 5,6 отсто од сите употребени ливчиња.

Од вкупно 345.525 излезени гласачи, овие ливчиња не биле валидни, според официјалните податоци од Државната изборна комисија.

Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња биле неважечки, што изнесува 6,3 отсто од вкупниот број, односно речиси секое шеснаесетто ливче било невалидно.

Излезноста во Скопје во вториот круг изнесувала 35,33 проценти, додека на национално ниво излезноста е 47,16 проценти.

За споредба, во првиот изборен круг одржан на 19 октомври, од 885.085 гласачи, 53.724 ливчиња беа неважечки, односно 6,1 отсто.

Во првиот круг за градоначалник на Град Скопје беа евидентирани 12.359 неважечки ливчиња, а излезноста изнесуваше 49,04 проценти.

Во најмалку девет општини бројот на неважечки ливчиња е поголем од разликата меѓу двајцата кандидати што беа во вториот круг.

Така на пример во скопската Општина Карпош каде победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Сотир Лукровски, а негов противкандидат беше од коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски разликата во гласови меѓу нив е 1.134 гласа, а бројот на неважечките ливчиња е 2.834.

Во општина Куманово вкупниот број на неважечки ливчиња е 1.324, а разликата во гласови кои ги освоил Максим Димитриевски од ЗНАМ е 1.331 пред Горан Стојковски независен кандидат за градоначалник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе