Ако треба да опишам како мина вториот круг, тоа е ВМРО стагнира, Левица дуплира, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Во вториот круг, Орце од Драчево има освоено само 3.500 гласови плус што е само три посто зголемување додека Амар од Чаир има освоено плус 30.500 гласови, што значи 100 посто зголемување. Ова покажува дека опозициските тенденции веќе се престројуваат позади Левица. Од втора партија на ниво на цело Скопје, вечерва обзнанувам дека сме прва партија, дури и пред ВМРО-ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел на Аеродром“, рече Апасиев.
С.Д.
