Вести Локални избори 2025

„Инклузива“: Потребно е подобрување на пристапноста на гласачките места за лица со попреченост

Напредокот е видлив, но потребно е дополнително да се подобри пристапноста на гласачките места за лицата со попреченост, оценија денеска од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ Куманово.

Дел од гласачките места  во првиот круг од локалните избори останаа непристапни за лицата со попреченост. Од здружението „Инклузива“ укажаа дека параваните за гласање не биле соодветно поставени, а во некои објекти гласањето се одвивало на вториот кат, без функционални лифтови.

Сѐ уште има гласачки места во тесен простор каде што лице со помагало или со придружник не може да помине. Во првиот круг имавме случаи каде што се гласа на втор кат, иако постојат слободни простории на приземје, изјави претседателката на здружението, Благица Димитровска.

Таа напомена дека недостигот од пристапност претставува системска пречка за остварување на основното избирачко право на оваа категорија граѓани. И покрај забелешките, од здружението посочуваат дека има и позитивни примери. На овие избори на листите за советници се најдоа десет лица со попреченост, а имаше  една кандидатка за градоначалник. Политичките партии, според здружението, ги приспособиле дел од програмите за потребите на лицата со попреченост.

Напредокот е видлив, затоа што алатките што ги развивме во соработка со Државната изборна комисија веќе се дел од Изборниот законик и се користат на гласачките места, додаде Димитровска.

Од „Инклузива“ очекуваат идните локални власти да вложат поголеми напори во подобрување на пристапноста на јавните простори и институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе