Неколку илјади студенти, средношколци и граѓани тргнаа денеска пеш од Белград кон Нови Сад, каде што во сабота ќе учествуваат на комеморативниот собир и одбележувањето на првата годишнина од падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица.
Се очекува денеска да поминат околу 40 километри, а крајна точка е Инџија, каде што ќе ја минат ноќта. Според организаторите, повеќе од 3.000, претежно млади луѓе, учествуваат во протестниот марш.
Студентските протести во Србија лани повеќепати ја парализираа државата и го загрозија режимот на претседателот Александар Вучиќ, каде што младите ја лоцираат одговорноста за коруптивното и неодговорно владеење, кое според нив е главната причина за трагедијата во Нови Сад.
T.Д.
