Документарни

СЕЛИН ДИОН – ЅВЕЗДАТА Е РОДЕНА – сабота, 01 ноември 2025 – 17:10

На Евровизискиот фестивал во 1988 година, Селин Дион изненадувачки ја претставуваше Швајцарија — но тоа немаше никаква врска со случајност. Од Квебек до меѓународна sвезда, овој портрет ја следи кариерата на пејачката за да го открие ликот и имиџот што ни се чини премногу познат, но е многу покомплексен отколку што изгледа.

Како Селин Дион — светска ѕвезда која стана најпознатата личност од Квебек — заврши претставувајќи ја Швајцарија на една од најзапаметените Евровизии во доцните осумдесетти?

Сепак, тоа нема никаква врска со случајност. Напротив — на повеќе начини го открива патот на нејзината кариера и приказната за двојката што ја формираше повеќе од 40 години со Рене Анжели, нејзиниот менаџер и нејзината единствена вистинска љубов. Тоа е истовремено романтично и внимателно осмислено, преголемо и сепак искрено до неверување.

Оваа авантура беше и ризик, и шанса да се освојат нови пазари. Пред 500 милиони гледачи, таа го прикажа претворањето на едно девојче со наивен изглед и несовршени заби во млада жена подготвена да го зграпчи моментот. Помалку од десет години по оваа победа, Селин Дион беше избрана да ја отпее песната „My Heart Will Go On“ од филмот Titanic — песна која, исто како и филмот, стана светски хит. Една неверојатна кариера!

Преку овој натпревар и неговото спектакуларно финале, се откри портретот на една вистинска боречка жена. И токму Швајцарија беше таа што ѝ ја подари на Селин Дион нејзината прва титула на шампион — и нејзините први знаци на sвезда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СВЕТОТ НА ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ – сабота, 06 јуни 2026 – 17:20

Дејан Дејан

СИНОТО ЗЛАТО НА АЛПИТЕ: РЕСУРС ПОД ЗАКАНА – недела, 31 мај 2026 – 17:05

Дејан Дејан

МИКРОБИТЕ – НАШИТЕ НЕВИДЛИВИ ХЕРОИ – четврток, 28 мај 2026 – 20:20

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе