Вести Локални избори 2025 Македонија Најважни

(Видео) ДИК: Излезноста на локалните избори до 11:15 часот изнесува 9,38 oтсто

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

„До 11 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1.645. 583, гласале 154 275 граѓани, односно  9,38 проценти“, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска. 

Како што наведе Државната изборна комисија засега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности.

Според податоците на ДИК, општини со најголема излезност се Берово – 13,51 процент, Богданци – 14,55, Бутел – 10, Вевчани – 16,02, Виница – 10,76, Гевгелија – 12,81, Градско – 15,27, Дебрца – 15,76, Демир Капија – 15, Кратово – 16,16, Крива Паланка – 16,85, Крушево – 16,97, Новаци – 19,3 Пробиштип – 17,64, Ранковци – 15,5, Чашка – 22,60 проценти.

Најмала излезност е евидентирана во општините Сопиште – 3,93, Центар Жупа – 4,89, Боговиње – 4,48 и Врапчиште – 2,54 проценти. Изборите ги набљудуваат 1484 набљудувачи од кои 800 домашни 645 меѓународни и14 странски новинари.

Претходно ДИК информираше дека на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе