Вести Локални избори 2025 Македонија

МВР: 20 пријавени за нарушување на изборниот молк, 15 непотврдени

За време на предизборниот молк, до отворањето на избирачките места, регистрирани се вкупно 20 пријави за нарушување на изборниот молк, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, најмногу – шест се однесуваат на подрачјето на СВР Скопје, четири се пријавени во Куманово, три во Велес, по две во Охрид, Штип и Битола и една пријава во Струмица. По преземени мерки, се уште нема потврда за 15 од пријавените настани. Освен ваквите пријави, од МВР информираат дека регистрирани се и 47 објави на социјалните мрежи кои претставуваат повреда на изборниот молк, каде граѓани или веб страници упатувале повици за гласање за одредени кандидати, како и објави со видеа и фотографии од партиски активности во партиски штабови. МВР информира и дека гласањето на болни и изнемоштени лица, како и на затвореници, поминало без проблеми на сите подрачја низ државата, освен еден изолиран случај кој бил регистриран, но не прераснал во сериозен инцидент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Грна Гора жените со болни менструални циклуси имаат право на два дена платено месечно отсуство

Дејан Дејан

Мицкоски: Во услови на булинг, нема уставни измени – потребно е најде решение коешто ќе биде одржливо

Дејан Дејан

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе