Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во првиот круг победи во три општини, тоа се Крива Паланка, во Кривогаштани и во Богданци, објави вечерва лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција од партиско седиште по првиот круг на локалните избори.
„Од преброени близу 70 проценти од гласовите, водиме во уште девет општини. Тоа се Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Росоман. И таму ќе има втор круг. И во неколку општини каде сме на второ место, тоа се Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновце и очекуваме податоци од уште неколку места“, рече Филипче.
Филипче упати честитки за, како што рече, добро организираниот процес. Денот, додаде, минал мирно, а забелешките што ги имаат ќе бидат поднесени во ОБСЕ и во Државната изборна комисија во текот на утрешниот ден.
С.Д.
