Вести Македонија Топ вести

(Видео) Повеќе кантијанизам отколку макијавелизам порача Сиљановска од Копенхаген

„Дали може да кажам нешто како некој што доаѓа како што доаѓа од мала држава?“ му се обрати претседателката Гордана Сиљановска Давкова на еден од новинарите кои се присутни на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген денес.

Таа во видеото кое го објави медиумот „Дојче Веле“ кратко и јасно посочи дека е потребно повеќе кантијанизам, отколку макијавелизам, односно дека потребна е политика како уметност на можното, наместо политиката што ја живееме во која прашањето е кој, кога и како победува.

Според најавите, на состанокот во Копенхаген главни теми ќе бидат  поддршката за Украина и општата безбедносна ситуација во Европа.

Претседателката на државата Сиљановска-Давкова ќе има обраќање на панелот „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со кој ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.

Учесниците на состанокот на Европската политичка заедница вчера во кралската палата Амалиенборг во Копенхаген присуствуваа на вечера што во нивна чест ја организираа данскиот крал Фредерик Десетти и кралицата Мери, на чие раскошно мени биле гренландски бакалар и дански лисичарки.

Т.Д.

Извор на фотографија: „Фејсбук“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против таткото на Меланија за физичко и психичко насилство врз семејството за што јавно алармираше неговата ќерка

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе