Балкан Вести Свет

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

За пресона нон грата со трајна забрана за влез и излез, Косово ја прогласи српската министерка за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ.

Одлуката е донесена откако Пауновиќ изјави дека „да беше на местото на Слободан Милошевиќ, таа ќе го исчистеше етнички Косово во 1998 година“, објави Коха.

Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Џељал Свекла, рече дека јазикот на Пауновиќ е продолжение на државната политика што доведе до децении насилство, злосторства и обиди за протерување на Албанците од нивните земји. Тој додаде дека ваквите изјави треба категорично да бидат осудени од сите земји.

Како министер за внатрешни работи на Република Косово, денес донесов одлука со која ја прогласувам Снежана Пауновиќ за персона нон грата, непосакувано лице, со трајна забрана за влез или транзит низ Република Косово. Ерата во која Албанците беа угнетувани, масакрирани и подложени на етничко чистење заврши еднаш засекогаш, напиша тој на Фејсбук.

Свекла додаде дека секој обид за оживување на идеологиите поврзани со етничко чистење или закани против Република Косово „ќе наиде на цврст, правен и институционален одговор“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе