Вести Свет Топ вести

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Претставничкиот дом на САД гласаше за воспоставување трајно летно сметање на времето, усвојувајќи закон наречен Закон за заштита од сончева светлина.

Законот беше усвоен со 308 гласови „за“ и 117 „против“. Пратениците од двете партии го поддржаа законот, со кој ќе сe елиминира потребата Американците да ги менуваат часовниците двапати годишно и наместо тоа ќе се одржи сегашното време преку целата година.

 

РЕПУБЛИКАНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК СКОТ ДЕЖАРЛЕ, КОЈ ПРЕТСЕДАВАШЕ СО ГЛАСАЊЕТО, ЈА ПУШТИ ПЕСНАТА „HERE COMES THE SUN“ ОД БИТЛСИ НА СВОЈОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ЗА ВРЕМЕ НА КОНЕЧНОТО ПРЕБРОЈУВАЊЕ НА ГЛАСОВИТЕ.

 

 

Откако Претставничкиот дом го усвои законот, Сенатот наскоро би можел да започне со разгледување на својата верзија на законот.

Поддржувачите за укинувањето на летното и зимското сметање на времето сметаат дека промената на времето ги нарушува распоредите на луѓето „без добра причина“, додека критичарите предупредуваат дека трајното летно сметање  би довело до потемни зимски утра, што би можело да го направи возењето поопасно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе