(ФОТО Pixabay) МВР објави дека жена во Прилеп пријавила дека и измамена од лице кое преку социјална мрежа и барало хуманитарна помош за болно дете. Измамата почнала во февруари и оттогаш, прилепчанката на измамникот му дала 11 и пол илјади евра.
На крај, пријавила во полициска станица дека е измамена, а полицијата отвори истрага.
Во продолжение извадокот од билтенот на МВР за пријавената измама:
На 14.07.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
