Балкан Вести Свет

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Вишиот кривичен суд во Истанбул издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со случајот поврзан со израелската интервенција против хуманитарната флотила „Сумуд“, која превезувала помош за Газа.

Судот, според турските медиуми, покренал и постапка за издавање црвена потерница за Нетанјаху и други обвинети. Во обвинението се наведуваат тешки кривични дела, меѓу кои злосторства против човештвото и геноцид, како и обвиненија за тортура, незаконско лишување од слобода и попречување на поморскиот сообраќај.

Одлуката е донесена со цел да се обезбеди присуство на обвинетите во понатамошната постапка… Правните и дипломатските процедури за црвена потерница се во тек, додека судскиот процес продолжува пред Вишиот кривичен суд во Истанбул.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе