Вести Македонија Најважни

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Шеесет и петгодишен маж од Скопје е осомничен за убиство на матичниот доктор Ацо Трповски од Поликлиниката „Железара“, а неговата шест години помлада сопруга за помагање во извршување на кривичното дело, соопшти Јавното обвинителство. Убиството се случи во март во 2024 година на паркинг во населбата Автокоманда по што двајцата осомничени го одвезле телото на убиениот во дворот на Поликлиниката во неговото возило.

„Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат. Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Обвинителството не открива детали за мотивите на убиството, ниту за истрагата која ги одвела до осомничените сопружници за кои е побарана мерка притвор.

Свежи траги од крв, но и многу прашања без одговори – кој и зошто го уби матичниот лекар од Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична против кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе