Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја претстави својата програма под мотото „Скопје за сите – одржливо, паметно, солидарно“, ветувајќи работа заснована на знаење и реални проекти.
Таа најави конкретни решенија за најгорливите проблеми на градот – од јавниот превоз до екологијата и урбанизмот.
Во фокусот на нејзината програма се 100 нови еколошки автобуси, БРТ-систем, 15 нови паркови и 10.000 дрвја, подземни контејнери и технолошки парк за стартапи.
Шукова најави и изградба на нови училишта, поддршка за културата, дигитализација и отворен буџет како дел од транспарентното управување.
„Скопје не е експеримент. Ќе бидам градоначалник на граѓаните, а не на партијата“, истакна Шукова, додавајќи дека не бара поддршка против некого, туку за модерно, европско и хумано Скопје.
