Почнува нова изборна кампања, а тоа е уште еден нов испит. Кампањата е обид да се преточат визијата и идеите во зборови, симболи и дела, што ќе стигнат практично до едно срце, им порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на кандидатите за градоначалници, кои денеска беа промовирани во Штип, на два дена пред официјалниот стар на кампањата за Локалните избори.
Мотивирачки говор со неколку поенти упатени за обврските, одговорноста и должностите кои треба да ги имаат кандидатите за градоначалници кон граѓаните, а меѓу кои и пораката-вашиот мандат е договор со граѓаните, службата е чест, но и обврска .
Додека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски ги промовираше кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери во Штип, од Скопје лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче со пораката дека очекува кампњата да биде фер.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски од Штип порача дека народот очекува подобар живот, сигурност, правда и перспектива, да не биде излажан и третиран како средство, туку како цел за чија благосостојба мора да се работи одговорно. Најави и дека во фокусот на Владата во наредниот период се два приоритет, а тоа е борбата против корупцијата и како до подобар животен стандард за граѓаните.
-Нема напредок без чесност. Нема правда без одговорност. Корупцијата е данок врз сиромашните – и мора да ја искорениме.
Ќе биде или ПРАВДА И РЕД, или нема да ја биде државата, потенцираше Мицкоски.
На денешната промција на кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ присуствува раководството на партијата, коалиционите партнери, поранешни министри, пратеници и членови.
Викторија Јованова
