Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, пред полна сала на конвенцијата на партијата ја претстави својата визија за темелна трансформација на општината.
Тој ја опиша кандидатурата како личен завет кон местото каде што е роден и израснат, нагласувајќи дека „во Центар владее хаос – урбанистички, сообраќаен, комунален и еколошки“, и дека е време тоа конечно да се промени.
Во своето обраќање, Лабудовиќ вети целосна обнова на маалата, со конкретни чекори за враќање на духот на заедништво, ред и зеленило. Најави системски и одржливи решенија за проблемите на жителите, почнувајќи од подобрување на инфраструктурата, уредување на јавните простори и отворање на општината кон граѓаните.
„Центарци ќе бидат мојот најважен тим, мојот главен играч“, порача Лабудовиќ, додавајќи дека влегол во политиката со искрени и чесни намери. Според него, вистинските промени се можни само преку партнерство со граѓаните и со јасна визија за развој.
