Лидерот на ВЛЕН, Билал Касами, изнесе сериозни обвинувања против лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи го за политичко-финансиска поврзаност со, како што вели, српскиот режим на Александар Вучиќ.
Според Касами, семејството на Ахмети продало акции во Стопанска Банка Битола на белградската Алта Банка, чиј сопственик е директно поврзан со Вучиќ. Трансакцијата, како што тврди Касами, се случила на 17 септември 2025 година.
„ДУИ со години манипулира со патриотски пораки, додека зад сцената прави бизнис со структури од ‘српскиот свет’. Ова не е само финансиска, туку и политичка опасност за државата“, рече Касами, истакнувајќи дека Али Ахмети лично е одговорен за навлегувањето на српските банки во Македонија.
Од ВЛЕН најавија дека ова е само дел од поголема афера и најавија дополнителни докази во јавноста.
Касами порача дека времето на лаги завршило и побара повлекување на Али Ахмети од политиката, обвинувајќи го за користење на својата политичка позиција за лични и семејни интереси.
