Вести Македонија Топ вести

Секој трет граѓанин имал допир со корумпиран службеник

Секој трет граѓанин имал допир со корумпиран службеник, покажува истражувањето на Факултетот за безбедност. На денешната научна конференција посветена на оваа тема беше укажано дека системската корупција претставува сериозна безбедносна закана, затоа што со инфилтрација на корупцијата во институциите, тие се парализираат.

„Резултатите се фрапантни. Секој трет граѓанин или негов роднина имал допир со корумпиран службеник. Од тој аспект треба да имаме посеруиозен пристап кон ова прашање, како безбедносна закана за државата“, вели Јонче Ивановски, декан на Факултет за безбедност.

Министерот за внатрешни работи тврди дека внатрешната контрола има полни раце работа околу корупцијата во полициските редови.

„Огромен број на случаи и на процесни дејствија се преземени во година ипол. Гледаме соодветно санкционирање на тие кои се однесуваат коруптивно, во иднина корумпираните не треба да се дел од МВР“, вели Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

И одредени затвори се стандардно дувло на корупција. Вe-дe директорот на Управата за санкции вели дека лично се залага корумпираните лица не само да бидат избркани од работа, туку и да добијат затворски казни.

„Во рок од една година имаме над 40 кривични пријави против вработени во затворскиот систем, тоа е она што можеме да го правиме. Ако тие не се плашат од казна затвор или бркање од работа, тогаш што да ви кажам?“, вели Александар Пандов, в.д. директор на Управа за санкции.

На конференцијата на која се расправаше за стратешките пристапи за решавање на сложените предизвици беше најавено и дека со потпишување меморандуми со факултетите кои имаат допирни точки со областа на безбедноста ќе се овозможи најдобрите студенти да станат дел од МВР и другите безбедносни институции.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе