Од 12 октомври македонските граѓани на граничен премин на земја-членка на ЕУ, но и на Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн ќе мора да ги остават своиоте биометриски податоци – отисоци од прсти и скенирање на лице, за да можат да влезат во Шенген зоната. Земјите се обврзани во првите триесет дена да го имплементираат системот на најмалку 10 проценти од своите гранични влезови и да опфатат најмлаку 10 проценти од патниците, а да ги опфатат сите гранични премини и патници до 26 април 2026.
Двата први европски соседи на Македонија веќе најавила како ќе го спроведуваат Системот за влез и излез (ЕЕС). Грција ќе го имплментира на сите свои гранични премини од 12 октомври, додека Бугарија системот за земање биометриси податоци кон Македонија ќе на 12 октомври на Девебаи, а на другите два премини со Македонија до крајот на оваа и почетокот на идната година. Биометриски податоци нема да се земаат само на деца под 12 години.
Европската унија ја воведува оваа новина за граѓаните кои доаѓааат од трети земји, како што објаснуваат од безбедносни причини.
„Ова е мерка која ја воведуваме со цел да ја подобриме безбедноста и измамите на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде прогресивна, но исто така е мерка која ќе го олесни преминувањето на граничните премини на граѓаните од трети земји“, изјави амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас.
Олеснително е, како што брифираат од ЕУ, е што податоците ќе се земаат само при првиот влез и ќе важат се до истек на пасошот со кој во Системот се пријавиле патниците од третите земји. Но иако се најавува дека на аеродромите оваа процедура ќе се одвива полесно и патниците потоа ќе можат да влегуваат преку едноставно скенирање на пасошот на автоматските влезови, без одење на традиционалната пасошка контрола со удирање печат, се уште не е јасно како ќе течат процедурите на копнените гранични премини, особено дали ќе се отвораат посебни ленти за возила и патници кои веќе се регистрирани во системот. Некои земји најавиле и употреба на мобилни скенери за патниците на автобусите, но, како што брифираат од европската делегација во земјава, се уште не е јасно како целосно ќе функционира тоа. Она што е јасно е дека македонските граѓани кои поседуваат пасош на друга држава нема да мора да се пријавуваат восистемот доколку патуваат со тој пасош.
Паралелно со овој систем во текот на 2026 ќе почне да се имплементира и системот регистрација на патници кои влегуваат во ЕУ (ЕТИАС), а на кои не им е потребна виза за тоа. Регистрацијата во ЕТИАС системот ќе стартува во последниот квартал од 2026 година и ќе чини најверојатно 20 евра. Сертификатот дека сте регистрирани во системот ќе важи три години и е потребен само за кратки престои во земјите на ЕУ, до 90 дена. Во овој систем нема да треба да се пријавуваат помлади од 18 години и постари од 70 години.
Од ЕТИАС ќе бидат изземени граѓаните на трети змеји, вклучително и на Македонија, кои поседуваат пасош на друга држава или имаат документ за постојан или подолг престој во земја на ЕУ. Од пријавување ќе бидат изземени членовите на нивните семејства, но засега не се знае до кое колено ќе важи ова изземање и на кој начин тие ќе докажуваат дека се роднини на иметелот на државјанството на земја-членка на ЕУ или на дозвола за постојан престој.
Тамара Грнчаровска
