Останато Спорт

Саботна доминација на Марк Маркез во Аргентина: Пол-позиција и спринт победа

Марк Маркез најавува рана доминација во Мото ГП на фабричкиот мотоцикл на Дукати. Шпанецот денеска ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Аргентина, а триумфираше и на спринтот.

Маркез постави нов рекорд на патеката „Терамас де Рио Хондо“ со 1 минута, 36 секунди и 917 илјадитинки во квалификациите. Крај него во првиот стартен ред ќе тргнат неговиот брат Алекс Маркез и Јоан Зарко. Од вториот ред ќе стартуваат Франческо Бањаја, Педро Акоста и Фабио ди Џанантонио. Потоа следуваат Фабио Квартараро, Франко Морбидели, Марко Бецеки и Жоан Мир.

Мотоциклистот на Дукати победи и на спринт трката и тоа повторно пред својот брат Алекс Маркез, а трет беше неговиот тимски колега Франческо Бањаја. Во генералниот поредок Маркез сега има 49 бодови, 11 повеќе од Алекс Маркез, а Бањаја е трет со 21 бод.

Главната трка за Големата награда на Аргентина е утре од 19 часот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе