Вести Македонија Свет

Мицкоски потври дека Македонија е коспонзор на американската резолуција за Украина спротивно на резолуцијата која во ООН ја поднесоа ЕУ и земјата која е под руска агресија

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина која се разгледува во Обединетите Нации на тригодишнината од почетокот на руската агресија врз Украина.

„Така одлучивме“, кратко искоментира ба прашањето зошто бил преземен таков чекор. Мицкоски изрази очекување дека резолуцијата ќе биде поддржана од мнозинството во рамките на Обединетите нации. Покрај Македонија, коспонзори на американската резолуција се и Грузија, Израел и Унгарија.

Наспроти американската резолуција, свој предлог за тригодишнината од почетокот на руската агресија дадоа заеднички Украина и државите на Европската Унија.

Американската предлог резолуција е помека и има за цел да ги дополни напорите на претседателот на САД, Трамп за договор за примирје. Станува збор за краток предлог во кој се жали за жртвите во руско-украинскиот судир и се бара решение за мир. Не се спомнува дека Русија ја нападнала Украина пред три години.

Рускиот амбасадот во ООН го поздрави како „добар потег“ американскиот предлог-резолуција. Русија има амандман на предлог резолуцијата на САД во кој бара вклучување на формулација за адресирање на причините за почеток на судирот кој Москва го нарекува специјална воена операција.

Конкурентската, европска предлог декларација содржи квалификации за „итно повлекување на руските трупи“ од Украина и потврда на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.  Сите досегашни резолуции на ООН го потврдуваа суверенитетот и целовитоста на Украина. САД се обидуваат да го спречат изгласувањето на резолуцијата поднесена од Украина и ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

Дејан Дејан

Доживотен затвор за синот од Богданци кој ја уби мајка си со нож

Kristina Kuzmanovski

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе