Останато Спорт

„Макпетрол“ со најмногу признанија на изборот на најдобрите во македонското карате

Карате клубот „Макпетрол“ се закити со десет признанија на вчерашната манифестација за прогласување на најдобрите во карате спортот за 2024 година.

Петар Заборски од „Макпетрол“ е прогласен за најдобар каратист на Македонија за 2024 година во борби, додека второто место му припадна на неговиот тимски колега Петар Спасеновски, а трет беше Емил Павлов од Штип.

Во сениорска конкуренција кај каратистките во борби, Викторија Јовановска од Макпетрол беше трета, зад двете натпреварувачки на Олимпик, Михаела Мишовска и Вероника Костовска.
Во конкуренција на каратисти до 21 година целосна доминација на Макпетрол, бидејќи Стефан Стојановиќ беше најдобар, втор беше Витомир Трајковски, а третото место му припадна на Данило Божовиќ.

Јована Мицовска пак е најдобра во борби кај каратистките во конкуренција до 21 година.
Карате клубот „Макпетрол“ беше прогласен за најдобар младински клуб, а Петар Заборски трета година по ред го доби признанието за најдобар тренер во младинска конкуренција.

„Макпетрол“ освои и признание во кадетска конкуренција во кати, каде Никита Лековски го освои второто место.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе