Вести Најважни Свет

Трамп положи заклетва и официјално стана 47-от претседател на САД

Доналд Трамп по вторпат ја даде претседателската заклетва и го почнува вториот мандат во Белата куќа. Се заколна дека со вистинска намера ќе го чува и штити американскиот Устав.

„Јас Доналд Трамп се колнам, дека чесно ќе извршувам канцеларијата на претседател на САД и ќе направам се во моја можност дека со вистинска намера ќе го чувам и штитам американскиот устав. Помогни ми господе!“ изјави Доналд Трамп.

Војната во Украина е едно до прашањата за кои Трамп најави поинаков пристап, а непосредно пред неговата инаугурација, стигна честитка од рускиот претседател, Владимир Путин кој го поздрави неговиот пристап за понатамошните односи со Русија.

„Ги гледаме изјавите на новоизбраниот американски претседател и членовите на неговиот тим за нивната желба да ги обноват директните контакти со Русија, кои не по наша вина беа прекинати од администрацијата во заминување. Ги слушаме и неговите изјави за потребата да се направи се за да се спречи Трета светска војна. Секако дека го поздравуваме таквиот пристап и му честитаме на новоизбраниот претседател на САД за преземање на функцијата“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија. 

Луѓето, возбудени чекаа да влезат во Капитол да ја следат инаугурацијата на 47-от претседател.

„Толку сум возбудена што ќе се приклучам на инаугурацијата на Трамп. Навистина е возбудливо и неверојатно. Да се ​​приклучам на оваа инаугурација, тоа се посебни луѓе. Моите пријатели“, вели Деби Ким, поддржувачка од Њујорк.

„Јас сум Џош. Имам 18 години, првпат гласам овде за да го видам претседателот Трамп. Откако се спушти по ескалаторот во 2016 година, бев покрај него, три победи на изборите и возбуден сум што ќе ја видам неговата втора инаугурација денес. Од Охајо сме, насекаде низ државата за да го видиме претседателот. Шест од нас сме тука и едвај чекаме да го видиме“, изјави Џош Ликлитер, поддржувач на Трамп од Лондон, Охајо.

Се очекува први на удар на Трамп да се најдат илегалните мигранти и трансродовите права, кои беа значително унапредени откако ги изгуби изборите во 2020 година. Нелегалната миграција и противењето на трансродовите права, особено кај поконзервативниот дел од американскиот електорат, беа секојдневна тема за време на неговата кампања.

Растот на цените и инфлацијата која администрацијата на Бајден успеа да ја заузда пред крајот на мандатот, но немаше време да ги собере политичките плодови, беа клучни за неговото враќање во Белата куќа. Многумина Американци беа убедени дека токму Трамп може да ја поправи економијата и да ги заузда цените.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе