Вести Македонија Најважни

Одбраната на Палевски тврди, нема докази за поврзаноста на Реното кангу со грабнувањето на Вања

Видоснимки од камерите на Сејф сити беа презентирани на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. На една од снимките беше прикажан обвинетиот Влатко Кешишев како полни гориво во пластично шише на бензиска пумпа во близина на партијата „Десна“ пред грабнувањето на Вања.

Останатите снимки се однесуваа, пред сè, на движењето на Цитроенот во сопственост на Жежовски, како и Реното Кангу во кое, според обвинителството, се возел првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Од снимките се потврдува и дека Цитроенот ја возел истата рута и на 24 ноември, кога бил и првичниот план да биде грабната Вања. И тој ден и на 27 ноември во него се наоѓале три лица.

Одбраната на Палевски тврди дека обвинителството нема докази за поврзаноста на Реното кангу со исчезнувањето на девојчето.

„За вакво сериозно обвинение кое се поднесува, еве можам да кажам конкретно за мојот штитеник Палевски треба да има докази. Обвинителството денеска четири часа загубивме да гледаме како количиња се шетаат низ Скопје во магла и ни објаснуваат како се движат по скопските улици. Сами видовте дека немаат еден елемент на дејствие преземено кој е предмет на кривично дело“, рече Јовица Страшевски, адвокат на Палевски.

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска неколупати рече дека движењата на возилата се обезбедени врз основа на претрагата на нивните регистарски таблици во системот Сејф сити.

Палевски најави дека на наредното рочиште ќе бара изземање на обвинителките, а поднесе и приговор за листата на докази.

Гоце Трајковски, кој со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, водел паралелна истрага по исчезнувањето на девојчето, и понатаму останува недостапен за органите на прогонот. Обвинителството остана на ставот Трајковски да биде испитан пред судот и засега да не се чита неговата изјава дадена во текот на истрагата. Судењето продолжува на 27 јануари.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе