Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата – ако не се постигне договор одат на штрајк, а се разгледува и опцијата да се тужи државата. Денеска револтот го изразија пред зградата на Министерството за финансии, креаторот на буџетот. Соопштија дека откако се изначитале декларативни соопштенија од Владата, со кои преку медиумите ги канеле на средба, одлучиле да испратат официјално барање за состанок со премиерот Мицкоски. Ако и по ова не се постигне договор за додатокот на плата од 30 отсто, ќе преземат поригорозни чекори.
Прво ќе чекаме на продолжување на дијалогот како што нели тоа го изјавува владата, ако не продолжуваме со протестите, се размислува за одење и на штрајк, а се размислува и за тужби до државата, вели претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски.
Вработените од министерствата кои деновиве од улица бараат подобар животен стандард, велат дека тоа не може да се постигне со примања кои не ги следат трошоците на живот.
Бараме зголемување на платите за најмалку 30 проценти, што е минималното што може да се направи, за да се овозможи работниците да го задржат своето достоинство и да обезбедат основни потреби за своите семејства, вели зоран георгиевски вработен во министерство за правда и член на синдикан
Веќе цела недела протестираат вработените од седум министерства и две државни институции. Почнаа поради тоа што финансии не дозволи потпишување на нови колективни договори со кои вработените ќе добијат додаток од 30 отсто на плата. Се протестира пред министерството за култура, економија, шумарство, транспорт, правда, животна средина и дигитална трансформација, но и пред Државен завод за статистика и државен архив.
Од УПОЗ сметаат овие лица се во нерамноправен однос со вработените од другите државни службеници. Посочија и дека во некој министерства има притисоци да не се поддржува протестот.
Додатокот од 30 отсто на плата, преку колективни договори добија оние од Службата за општи заеднички работи на Влада, од генерален секретаријат, дел од вработените во здравство, образование, а од неодамна и во финансии.
Пред неколку дена од владата напоменаа дека постои сомнеж дека протестот е политички мотивиран, но и дека се подготвени да седнат на маса за да ги разгледаат сите предлози од страна на синдикатот за да се постигне договор.
Веќе 10 тина дена пак штрајкуваат вработените од државното правобранителство. На дел од нив веќе им биле изготвени решенија за намалување на плата во висина од 40 отсто, поради штрајкот.
Ирена Чачкова