Разрешената судијка Наташа Мишева од Велес доби и обвиниение за фалсификување службена исправа. Обвинети се и сопружници сопственици на ланец аптеки во Велес за поттикнување и за употреба на исправи со невистинита содржина. Според обвинителството тие имaлe судски спор со фирма од Скопје, а судијката донела пресуда во нивна корист да добијата дуќан кој претходно било во сопственост тужената фирма од Скопје.
- „Иако пресудата не била правосилна и извршна, а тужените навреме изјавиле жалби, судијката поттикната со умисла од сообвинетите, ја заверила со службен печат за правосилност и извршност со што свесно внела невистинит податок во службената исправа. Ваквата службена исправа со невистинита содржина таа ја дала на рака на управителката на правното лице, наместо преку судска достава“ соопштија од ОЈО Кавадарци.
Дополнително надвор од АКМИС системот судијката донела решение со кое на брачната двојка им овозможила на имотот да впишат забрана за отуѓување и оптоварување. Оваа привремената мерка решила да биде извршна и примерок веднаш бил биде доставен до велешкиот катастар објаснуваат од обивнителството. Решението било со невистинита содржина, а документот бил доставен само до едната странка-предлагачот.
Според обвинителството, за да ги прикрие што направила во предметите, обвинетата судијка свесно ги уништила службените документи и не ги споила сите документи во списите на предметот. Обвинетите сопружници ги употребиле документите со лажна содржина во Катастарот за да го впишат имотот на има на нивната фирма.
- „Со лажно прикажување факти од судските постапки тие нанеле значителна имотна штета на спротивната страна, а за себе прибавиле значителна имотна корист. Трошоци за постапката ги наплатиле преку извршител, иако знаеле дека барањето за извршување им е засновано на исправа со невистинита содржина“ соопштија од ОЈО Кавадарци.
За фалсификување службена исправа Кривичниот закон предвидува од 3 месеци до 5 години затвор.
Судскиот совет ја разрешил Мишева на 12 декември 2022. Дел од медиумите тој ден известиле за незјиното разрешување, но и дека копјата во советот се кршеле за врховниот судија Наќе Георгиев, а мнозинството гласало да му биде продолжена диспилинската постапката. Сепак Судски не го разреши Герогиев за постапките кои ги водеше туку откако беше фатен со 10 ијади евра за што призна и вина.
Eлена Ивановска Мукоска