Вести Македонија Најважни

Ослободителна пресуда за Јанкуловска за предметот „Тврдина“, затвор за Тони Јакимоски, како и за бегалците Грујовски и Бошковски

Ослободителната пресуда за екс министерката за внатреши Гордана Јанкуловска е затоа што Обвинителството не докажало дека е виновна за уништувањето на опремата за прислушување, рече судијата. Одговорни за приуслушувањето нема затоа што тој дел од обвинението познат како „Таргет“ застаре, па и Јанкуловска оштета бара од Граѓанскиот суд.

Нејзиниот адвокат вели дека немала информација дека ќе се врши уништување на опремата за прислушување.

Ова е втор пат на Јанкуловска да ѝ се изрекува  првостепна пресуда во овoј предмет. Првиот пат предметот го водеше друг судија во 5 член совет доби 4 години затвор. И на втората пресуда празни беа столчињата на екс разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои Грција не ги екстрадираше.

Првиот доби 14,5 години затвор, вториот 9 години и 10 месеци. Според пресудата, овие двајца заедно со екс началникот во УбК Тони Јакимовски, кој доби 3 години затвор, присуствувале лично на незаконското уништување на опремата за прислушување.

Смачкана (балирана) па дробена на два различни отпади. Вака се уништувале двата системи за следење на комункациите. Едниот исклучен уште во 2009, другиот во 2015 непосредредно откако тогашната опозиција почна да ги објавува т.н бомби иако бил функционален.

Условна казна доби обвинетата Валентина Симоновска. Штета 1,4 милиони евра ќе треба да ја надоместат обвинетите. Судијата Трпков рече дека пресудата ја донел врз основа на докази, но го кажа и впечатокот.

Судијата ги цитираше сведоците кои дека добивале закани од Горан Грујевски – „ќе ти го исечеме јазикот“, „ќе те снајде темно уличе“, „ќе ти го возиме семејството во гепек“. Тој по наредба на шефот на УБК Мијаков  ја почнал операцијата на незаконско уништување на опремата.

На Мијлков, кому му се судеше за масовното прислушување во кое беа прислушувани 20 илјади граѓани, делото му застаре.

Но, пред измените на Кривичниот законик да му го задатат последниот удар на предметот „Таргет Тврдина“ тој беше 9 месеци држен во фиока кај судијата Енвер Беџети, а потоа предметот беше укинат и вратен на повторно судење во Кривичен. Токму Беџети заедно со екс вицепремиерот Груби се најдоа на црна листа поради поткуп за уривање на судските процеси против Мијалков.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе