Секој град има своја предновогодишна програма, но и програма за дочек на Нова Година. Некои градови веќе ја објавија програмата за новогодишната вечер и кои естрадните уметници ќе ги забавуваат до одбројувањето, а некои уште ги држат во тајност гостите.
Повозрасните граѓани паметат заеднички дочек на плоштадите кои биле добро организирани, а помладите генерации не се заинтересирани многу за дочек на плоштад, повеќе сакаат забава во диско клубови, кафиќи, дочек со друштво во викендици.
Треба ли да има прослава за Нова година на плоштадите?
Анкета: Каде ќе ја дочекате Новата Година:
а) домашна атмосфера;
б) во ресторан, хотел, диско, кафиќ или
в) на плоштад.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.