Од утре се до 31 август низ Охрид ќе патролираат заеднички полициски патроли на макеодонски и српски полицајци.
Во текот на патролите, српските полицајци ќе постапуваат во согласност со националното законодавство на РСМ, нема да носат оружје и ќе даваат поддршка на македонските полициски службеници. Српските полицајци, пред утрешното официјалното отпочнување со работа, беа информирани со одредбите од македонските закони за внатрешни работи и за полиција.
Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона во Охрид . Од СВР Охрид велат дека очекуваат заедничките мешовити патроли да придонесат за зголемена безбедност на граѓаните како и на српските туристи кои во голем број ги поминуваат своите годишни одмори во Охрид.
